Герет Саутгејт официјално поднесе оставка како селектор на Англија. Сите англиски медиуми објавија како дека дошло до официјална разделба меѓу Герет Саутгејт и фудбалската репрезентација на Англија.
Саутгејт по осум години ја напушти функцијата тренер на „гордиот Албион“. За тоа време, Саутгејт ја однесе Англија во две финалиња на ЕУРО во 2021 и 2024 година, полуфиналето на Светското првенство во 2018 година и четвртфиналето на Светското првенство во 2022 година, што се далеку подобри резултати отколку пред преземањето на поранешниот капитен на Англија.
Лондонски Гардијан објави дека Саутгејт се повлече од селекторската функција и покрај тоа што Фудбалската асоцијација објави дека ќе му биде понуден нов договор откако се пласираше во полуфиналето на ЕП.
🚨🏴 BREAKING: Gareth Southgate has LEFT his role as manager of the England national team.
It’s over. pic.twitter.com/jIuCwRhkJZ
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 16, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА