Германија ефикасна во првата контрола со Исланд

Репрезентацијата на Германија славеше убедлива победа против Исланд со 36-29, во првиот од двата контролни натпревари пред настапот на ЕП во Хрватска. Германија  е еден од противниците на Македонија во групата во прелиминарната фаза на шампионатот, заедно со селекциите на Словенија и на Црна Гора.

Избраниците на селекторот Кристија Прокоп, одиграа ефикасен натпревар во кој во поголем дел беа во убедлива предност. На крајот од првиот дел Германија имаше водство од 19-12, а оваа позитива потоа ја задржаа и во второто полувреме.

Најефикасен во германскиот состав беше Уве Генсхајмер со седум гола, исто толку во репрезентацијата на Исланд постигна Олафур Гудмундсон.

Вториот контролен натпревар Гераманија и Исланд ќе го одиграат на 7 јануари.

На ЕП во Хрватска, Македонија и Германија се сретнуваат во третиот натпревар во групата на 17 јануари.

Се вчитува...