Германија ја прегази Ерменија, Романија „тренираше“ со Лихтенштајн пред мечот во Скопје

Германија полека фаќа форма на квалификациите за Светското првенство во Катар. По триумфот од 2-0 над Лихтенштајн во претходното коло, денеска Германците ја прегазија Ерменија со 6-0.

Голеадата започна во 6. минута од мечот кога Гнабри донесе водство од 1-0 за својот тим, а истиот играч стрелаше и за 2-0 во 15. минута. Веќе во 35. минута Ројс донесе 3-0 за „панцерите“, а до полувремето мрежата ја затресе и Тимо Вернер за убедливи 4-0. Во второто полувреме Германија успеа да ја зголеми предност преку Хофман во 52. минута, а конечните 6-0 ги постави Адејеми во првата минута од судиското продолжение.

На победа од 2-0 пред дуелот во Скопје против Македонија се радуваше Романија која немаше потешкотии во мечот со Лихтенштајн. Текот на мечот Романците го најавија уште во 11. минута кога Тоска донесе водство од 1-0, а седум минути подоцна Манеа погоди за 2-0. Овој резултат остана и до крајот на мечот.

Во следното коло од квалификациите Германија гостува кај Исланд, додека Лихтенштајн го очекува дуел со Ерманија на гости.

Се вчитува...