Германија ја прегази Финска, Доминикана се „коцкаше“ но победи

Кошаркарите на Германија славеа со 101-75 против Финска во третото коло на Мундобаскетот 2023.

Германците со сите три победи ја завршија групната фаза, а Финска со само една победа мора да си ги „спакува куферите“.

Легендата на германската кошарка Дирк Новицки уште еднаш покрај паркетот ја следеше репрезентацијата, која му се оддолжи со нова лесна победа.

Најефикасни во победничкиот тим беа Исак Бонга и Денис Шрудер со по 15 поен, а 13 поени постигна Јоханес Тиман. Во редовите на Финска, Оливијера Нкамуе мечот го заврши со 14 постигнати поени.

Доминиканската република славеше со 75-67 против Ангола, во меч во кој малку и се коцкаше влегувајќи во последниот период од играта и со негатива од еден поен. Сепак, во последната четвртина доминираа за трета победа во групата. Фелис беше најдобар во победничкиот тим со 17 поени и шест скока.

Се вчитува...