Германска фешта: Купија членски карти и дресови на Арсенал за да влезат на „Емирати“

Секоја чест за навивачите на Келн за посветеноста кон клубот и желбата да ги бодрат своите миленици на вечерашното гостување против Арсенал.

Околу 30.00 Германци допатуваа денеска во Лондон иако гостите имаа билети за само 10% од нив, но фановите на Келн имаа план – да ја искористат незаинтересираноста на навивачите на Арсенал за оваа средба.

Навивачите на Келн купија членски карти, дел од нив дури и дресови на Арсенал само за да дојдат до домашни влезници“ – информираат англиските медиуми.

Токму тоа било причината за одложувањето, бидејќи организаторот инсистирал навивачите да бидат разделени за да не дојде до посериозен инцидент за време на натпреварот. Сепак, гостите одлично се групирани, па уште пред почетокот на мечот создаваат фантастична атмосфера на трибините на „Емирати“.

Се вчитува...