Германската НБА-ѕвезда се сели во ЛА Лејкерс

Лос Анџелес лејкерс го договори првиот трансфер за наредната сезона, осигурувајќи го потписот на германскиот репрезентативец Денис Шродер. „Езерџиите“ беа во потрага по засилување на бековската линија, изборот падна врз Шродер, по што експресно беа договорени условите и со неговиот клуб Оклахома Тандер.

Раководството на Оклахома ја прифати понудата во размема за Германецот да го добие ветерано Дени Грин, како и 28. пик од првата рунда на претстојниот драфт. Трансферот е веќе договорен, а ќе биде официјализиран по отворањето на преодниот рок, во текот на утрешниот ден.

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис ќе добијат уште еден одличен стрелец. Шродер, кој ланската сезона постигнуваше по 13,4 поени по натпревар, во новата сезона ќе заработи 15,5 милиони долари, по што во јули 2021 година ќе стане слободен играч.

Се вчитува...