Германците до рутинска победа против Швајцарија на спектаклот во Дизелдорф

ЕКИПА во Дизелдорф,

Стеван Цаневски

Ракометната репрезентација на Германија го стартуваше Европското првенство со рутинска победа над репрезентацијата на Швајцарија од 27-14.

Германците на спектаклот во Дизелдорф во ниту еден момент не им дозволија на Швајцарците да се понадеваат на поволен резултат. Германците почнаа фуриозно, а во првите дваесет минути на противникот му дозволија само четири гола, а на полувреме заминаа со комотна предност од 13-8. Во вториот дел продолжи германското газење, а по 24 минути игра Швајцарците имаа постигнато само два погодоци (24-10).

До крајот „панцирите“ само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 27-14. Jури Кнор со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Лени Рубин постигна четири. Токму Германија е следен противник на Македонија, а мечот кој ќе се игра во Берлин е закажан за во недела. Швајцарија во второто коло ќе се сретне со Франција.

Се вчитува...