Германците немаат дилеми: Мора да се стави крај на системот на Инфантино

Претседателот на фудбалската федерација на Германија (ДФБ), Бернд Нојендорф, порача дека мора се стави крај на системот на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино. Нојендорф, додаде дека има лоши односи со Инфантино.

„Важно е му се стави крај на „системот на Инфантино“. Укинувањето на тој систем е императив за сите. Не бевме консултирани во врска со планираната продажба на Светското првенство на приватни инвеститори. Односот и довербата со Инфантино и ова раководство на ФИФА се нарушени“, изјави Нојендорф.

Првиот човек на ФИФА, изминатото лето се најде во средиштето на скандалот кога се појави информација дека сака да го продаде Светското првенство на приватни инвеститори. Целта на Инфантино беше да се формира нова компанија со помош на приватни инвеститори која би управувала со Светските првенства, a на која тој би бил претседател со годишна плата од 20 милиони евра.

Но, по големиот притисок и отпор кој во прв ред го извршија УЕФА и најголемите европски фудбалски федерации, Инфантино се откажа од оваа идеја.

Неговите противници меѓу кои е и ДФБ сакаат тој целосно да се повлече од фудбалот, Инфантино веќе се кандидира за нов мандат за претседател на ФИФА. Изборите ќе се одржат во март идната година.

Германските медиуми пишуваат дека се очекува УЕФА да предложи нов кандидат за претседател на ФИФА до 18 ноември. Одлуката кој ќе му биде противкандидат на Инфантино би требало да биде донесена на состанокот на европските фудбалски федерации кој е закажан за 8 и 9 октомври во Берлин.

Се вчитува...