Германците немоќни – Норвешка во финалето на Мундијалот!

Репрезентацијата на Норвешка ќе игра против Данска во финалето на Светското првенство 2019.

И покрај феноменалната поддршка во Хамбург, Германците беа немоќни во полуфиналната пресметка против расположените Норвежани кои славеа со убедливи 31-25 (14-12).

Во текот на целиот меч Норвешка доминираше на крајот сосема заслужено стигнувајќи до големото финале. Најефикасен во победничкиот состав беше Магнус Род со седум погодоци, а по шест запишаа Сагосен и Мирхол.

Кај Германците одличен беше Уве Генсхајмер со седум гола од осум обиди, но ниту тој не можеше многу да помогне да се стигне до толку посакуваното финале.

Се вчитува...