Германците останаа перфектни, Англичаните убедливи во Малта

Германците продолжија да чекорат победнички во перфектен стил во квалификациите, откако ја остварија и седмата победа во седмиот натпревар, совладувајќи ја Чешка на гостински терен со 1-2. Тимо Вернер во четвртата минута донесе предност за „панцирите“, а Владимир Дарида израмни во 78.минута. Сепак, Матс Хумелс донесе триумф за Германците во 88.минута, со одличен удар со глава, по центрашутот на Тони Крос.

Првиот пораз во групата Е го доживеа Полска, и тоа многу убедлив (4-0) на гостувањето во Данска. Дилејни, Корнелиус, Јоргенсен и Ериксен беа стрелци на головите за Данците на овој меч.

Англија славеше со 0-4 на гости против Малта. Гордиот Албион поведе со голот на Хари Кејн во 53.минута, а Рајан Бертранд во 86.минута, како и Дани Велбек и Хари Кејн во судиското продолжение го потврдија триумфот.

Квалификации за СП 2018, резултати

Група Ц: Чешка – Германија 1-2, Норвешка – Азербејџан 2-0, Сан Марино – С. Ирска 0-3.

Група Е. Казахстан – Црна Гора 0-3, Данска – Полска 4-0, Романија – Ерменија 1-0.

Група Ф: Литванија – Шкотска 0-3, Малта – Англија 0-4, Словачка – Словенија 1-0.

Се вчитува...