Германците по седум децении го менуваат Адидас, од идната година ќе ги „облекува“ Најки

Седум децении долгата соработка помеѓу производителот на спортска опрема Адидас и фудбалската репрезентација на Германија и официјално завршува на крајот од годината.

Од 1 јануари 2027 година, нов спонзор на германската репрезентација ќе биде американскиот производител Најки.

„Најки достави убедливо најдобра понуда која, сепак, нема јавно да ја соопштиме“, изјави претседателот на управниот одбор на фудбалската федерација на Германија (ДФБ), Холгер Блас.

Со тоа ќе заврши ерата на Адидас која траеше седум децении со чии дресови Германија трипати стана светски шампион, во 1974, во 1990 и во 2014 година. Последниот дрес кој Адидас ќе го произведе за „панцирите“ ќе биде претставен на трети ноември годинава.

Се вчитува...