Германците се економични – Баерн никогаш не би дал толку пари за Роналдо

Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге, порача дека никогаш не би потрошил толку пари како Јувентус за Кристијано Роналдо кој веќе има 33 години.

Италијанскиот тим летово го донесе Роналдо за околу 112 милиони евра и му даде четиригодишен договор со годишна плата од дури 30 милиони евра.

За Германците тоа био бил непотребно преголем трошок, нешто што како што истакнува Румениге, не е во филозофијата на Баерн.

„Роналдо? Изненаден сум од фактот дека претседтаелот на Јуве, Андреа Ањели се одлучи за овој трансфер. Но, од аспект на Јувентус, тоа има смисла. Италијанскиот фудбал во изминатиове години не беше она на што сме навикнати. Но, Баерн никогаш не би инвестирал толку пари во 33-годишен играч“ – порача Румениге.

Според него, за „надуената“ цена на фудбалерите најголема вина носат клубовите, а на крај сепак, парите не се пресудни за титулите.

„Ако цените на фудбалерите се „надуени“ тогаш вината лежи во тимовите како што се Манчестер Сити и ПСЖ. Погледнете само што се направи реал Мадрид во последните неколку години без да потроши било какви пари на засилувања. Не треба многу да се лудува со парите за да се освои Лигата на шампионите. И тоа е исто така наша филозофија“ – вели Карл Хајнц Румениге.

Се вчитува...