Германците се фанатици за ракомет – над 8.000 фанови на Македонија – Русија

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски

На трибините на „Ланксес арена“ нема припадници на „фалангата“, ниту пак руски ракометни фанови, но првиот меч од денешната богата програма се игра пред извонредна бројка од над 8.000 навивачи.

Билетите се однесуваат за целокупната денешна програма, а Германците покажуваат зошто се ракометни фанатици, па иако нивната репрезентација својот меч го игра последна, во 20.30 часот против Исланд, тие пристигнаа во „Ланксес арена“ уште пред 13 часот, за да ги проследат сите натпревари.

По дуелот Македонија – Русија, од 15.30 часот на ред во Келн е пресметката меѓу Катар и Чиле, потоа во 18 часот е мегадуелот меѓу светскиот првак Франција и европскиот првак Шпанија, а програмата се затвора со вечерниот меч меѓу Германија и Исланд.

Се вчитува...