Германците се побунија: Зошто Озил и Гундоган се фотографираа со Ергодан?!

Германската фудбалска федерација остро реагираше на фотографијата што ја објавија Месут Озил (Арсенал) и на Илкаи  Гундоган (Манчестер Сити) со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Двајцата германски играчи со турско потекло му подарија и Ергодан потпишани дресови на средбата која што се случи на манефестација во Лондон.

Гундоган уште и напиша „На мојот претседател, со голема почит“. Дополнителен проблем е фактот што настанот беше дел од кампањата на Ердоган кој се бори за нов претседателски  мандат.

„Двајцата играчи не беа свесни за симболичното значење кое го има оваа фотографија. Ова не е во ред и ќе разговараме со нив“ – изјави директорот на Германската фудбалска федерација, Оливер Бироф.

Реакции за фотографијата имаше и од бројни германски политичари кои велат дека овој чин оди против сите демократски вредности кои што ги промовира Германија.

Озил и Гундоган се подготвуваат за Светското фудбалско првенство во Русија кое ќе се одржува од 14 јуни до 15 јули.

 

 

Се вчитува...