Лос Анџелес Лејкерс ги победија Сакраменто Кингс со 127-120 во натпревар од регуларната сезона на НБА. Остин Ривс постигна 51 поен, што е негов најдобар резултат во кариерата.
Лејкерси пристигнаа во Сакраменто без повредените Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, но Ривс ја презеде контролата и го водеше тимот до победа.
Тој погоди 12 од 22 шутеви од поле, шест тројки и 21 од 22 слободни фрлања. Исто така, имаше 11 скока и девет асистенции, приближувајќи се на еден поен од трипл-дабл.
Клучниот момент од натпреварот се случи во последната четвртина, кога Лејкерси направија серија од 12-2 од своите ривали. Ривс погоди неколку тешки шутеви и слободни фрлања во последната четвртина за да го одлучи победникот.
Зак Лавајн го предводеше Сакраменто со 32 поени, ДеРозан постигна 21, додека Домантас Сабонис додаде 20 поени и 10 скока.
НБА, РЕЗУЛТАТИ:
Минесота – Индијана 114-110
Далас – Торонто 139-129
ЛА Клиперс – Портланд 114-107
Сакраменто – ЛА Лејкерс 120-127
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

