Гибралтарците пресреќни што за првпат ќе играат на свој терен – Македонија за нив е голем фаворит

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Со оглед на тоа што и тоа како кратко се дел од официјалната европска фудбалска сцена, во Гибралтар очигледно се радуваат на секој нов квалификациски натпревар. Така е и пред стартот на Лигата на нациите и првиот натпревар против Македонија во четврток од 20:45 часот на „Викторија стадионот“.

Гибралтарците се пресреќни што за првпат ќе играат на својот стадион во Гибралтар, за разлика од претходните дуели кои мораа да ги играат во Португалија по наредба на УЕФА, поради несоодветни услови „под Карпата“. Не дека сега има нешто значително подобрени услови, но теренот со вештачка трева на „Викторија стадионот“ ќе овозможи соодветен натпревар меѓу двете селекции.

И единствениот пишан медиум во Гибралтар, „Хроникл“, отворено се радува што фудбалската селекција конечно ќе биде „своја на своето“. Фаворитската улога ја оставаат на Македонија но се надеваат на позитивен резултат.

„Ние влегуваме на овој меч со победа против Летонија на последниот пријателски натпревар, додека Македонија е во една одлична серија без пораз. Сите очи се вперени кон овој натпревар. Не само тоа како ќе одиграме на терен, но и околу тоа како ќе го организираме овој меч под капата на УЕФА – прв во нашата историја“ – пишуваат Гибралтарците притоа нагласувајќи дека составот на Македонија е главно од интернационалци кои настапуваат во Италија, Португалија, Англија, Шпанија…., што кажува кој е фаворит на овој меч.

Се вчитува...