Гисласон: Знаеме дека ќе играте „седум на шест“ и спремни сме за тоа

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Исландските ракометари се максимално мотивирани во пресрет на дуелот со Македонија, двете победи над Бахреин и Јапонија ја кренаа самодовербата во оваа селекција пред пресметката со нашиот национален тим. Раул Гонзалес ќе има достоен ривал на спротивната страна во Гудмундур Гудмундсон, стратегот што со Данска стана олимписки првак во Рио, а токму Гудмундсон и неговите тактички способности се она во што Исланѓаните „се крстат“ пред мечот со Македонија.

„Почетокот на шампионатот беше тежок за нас, но со двете последни победи си ја вративме самодовербата. Свесни сме дека против Македонија нема да биде лесно, но чувствуваме дека сме подготвени за тој предизвик. Вие имате квалитетни играчи и одличен тренер на клупата, знаеме дека ќе играте „седум на шест“ во нападот и подготвени ќе ја дочекаме таа тактика“ – изјави бекот Имир Гисласон.

Се вчитува...