Гласот на Меси се уште се слуша за трансферите во Барса

Барселона оваа зима успеа да врати неколку бисери кои ја поминаа „Ла Масија“ како Ерик Гарсија и Адама Траоре, а каталонскиот клуб бил блиску до враќање и на 18-годишникот Чави Симонс се додека Лео Меси не дал „вето“ за трансферот.

Договорот на младиот фудбалер со ПСЖ истекнува на крајот на сезоната и нема намера да го продолжи со оглед на преголемиот број на суперѕвезди во редовите на „светците“, но и покрај поволната ситуација по сугестија на Меси, Чави се откажал од трансферот, пренесува „Ел Национал“.

Според Меси младиот играч и покрај тоа што има доволно квалитети за настап во тим како Барселона има преголемо его кое лошо ќе и влијае на атмосферата во соблекувалната, особено во ситуација кога каталонците мака мачат да се вратат на претпознатливиот пат.

Се вчитува...