Глигоров потпиша нов договор со Феризај

Македонскиот фудбалски интернационалец Филип Глигоров и во следната сезона ќе настапува за тимот на Феризај, откако денеска потпиша нов договор со овој косовски прволигаш.

Глигоров ги мина последните две и пол години во овој клуб, а откако пред една сезона помогна тимот да се врати во елитата, сезонава Феризај за малку не стигна до излез во фудбалска Европа. Без оглед на тоа, стручниот штаб и управата се задоволни од изданијата на македонскиот десен бек, што резултираше со денешниот потпис на новиот договор.

„Македонскиот одбранбен играч веќе неколку сезони е важен дел од нашиот клуб, тој ќе продолжи да ги брани боите на Феризај и во новата сезона. Тој секогаш е од голема важност за тимот, како со офанзивните така и со офанзивните улоги, среќни сме што соработката продолжува, одиме заедно напред кон остварување на зацртаните клупски цели“, објави Феризај.

Се вчитува...