ГН на Австралија останува во календарот на Ф1 до 2025 година

Трката во Формула 1 шампионатот за ГН на Австралија ќе се вози минимум до 2025, откако во Лондон беше потпишан договор меѓу раководствота на Ф1 и австралиското гран-при.

Австралија е земја со голема традиција кога се во прашање мото спортовите, а домаќин е на трките во Формула 1 циркусот од 1985 година. Аделаид беше домаќин до 1995, кога циркузот  се пресели во Мелбурн. Освен во 2006 и 2010 година, до ден денес токму Мелбурн беше домаќин на трките во Ф1 шампионатот.

Се вчитува...