Гневните навивачи на Пескара му го запалија автомобилот на претседателот

Катастрофалниот пораз од Лацио (2-6) минатиот викенд беше капката што ја прели чашата кај навивачите на Пескара. Иако се уште е далеку крајот на првенството во Серија А, Пескара веќе е второлигаш, последни се на табелата со само девет бода од 20 одиграни натперевари.

На тешката ситуација во клубот, дојде и бурна реакција од навивачите која ескалираше со голем инцидент.

По поразот од Лацио хулиганите го запалија автомобилот на претседателот на клубот, Даниеле Себастиани. Овој инцидент е кулминација на судирот меѓу навивачите и управат кој трае веќе неколку месеци. Навивачите ја прекинаа божиќната прослава и ги нападнаа играчите во ресторанот, ги гаѓаа со факели и со петарди и ги навредуваа со пцовки.

Екипата на Пескара минатата среда против Фиорентина на теренот се појавија во црвено-бели наместо во традиционалните плаво-бели дресови. Официјално објаснување од клубот немаше, но „Газета дело спорт“ пренесе дека тоа било барање на навивачите кои сметаат дека овој тим не е достоен да го носи тој дрес.

peskara avtomobil

Се вчитува...