Го бараат најголемите клубови во Европа, а тој реши да остане верен на Ајакс

Аргентинскиот репрезентативец Николас Талјифико го продолжи договорот со холандскиот гигант Ајакс, иако е дел од радарите на голем дел од европските гиганти. Новиот договор на одличниот бек е со важност до летото 2022 година.

Талјифико ја игра втората сезона на „Јохан Кројф“ арената, каде што дојде од редовите на аргентинскиот Индепендиенте. Левиот бек сезонава постигна 6 гола и 8 асистенции за тимот од Амстердам, а на трипати се запишуваше во листата на стрелците во Лигата на шампионите.

 

 

Се вчитува...