Го „избриша“ Леброн Џејмс, но не е среќен: „На кого му е грижа за тоа!“

Толку оспоруваното руки на ЛА Лејкерс, 20-годишниот Лонзо Бол синоќа се запиша во историјата на лигата.

Лејкерси загубија од Милвоки со 98-90, што од перспектива на талентираниот Бол е разочарувачки, но тој овој меч секако ќе го памети со оглед на тоа што го оствари првиот „трипл-дабл“ во кариерата постигнувајќи 19 поени, дополнети и со 13 асистенции и 11 скока. Со тоа се запиша во историјата надминувајќи го Леброн Џејмс, како најмлад кошаркар во историјата на НБА со „трипл-дабл“ учинок.

Леброн на 19. јануари 2005 година имаше 20 години и 20 дена кога запиша 27 поени, 11 скока и 10 асистенции, а сега Бол со 20 години и 15 дена го сруши тој рекорд.

„Навистина не ми е грижа за тоа. Ние загубивме, а мојот индивидуален учинок ништо не значи. Јас само сакав да победиме“ – истакна, сепак, по мечот Бол.

Се вчитува...