Го победи Реал Мадрид и си замина од Бетис

Шпанскиот прволигаш Бетис го совлада Реал Мадрид на гости со 0-2, а само неколку часа по триумфот се раздели со досегашниот стратег Кике Сетиен. Иако тој имаше уште една година од актуелниот договор со клубот, сепак, ќе дојде до разделба.

„Заеднички донесовме ваква одлука. Бетис е голем клуб и чест ми е што бев на кормилото на тимот. Имаше многу позитивни нешта, но исто така и не успеавме да ги оствариме планираните цели. Во таков случај, си заминува тренерот“, изјави Кике Сетиен.

Шпанските медиуми најавуваат дека нов тренер на Бетис би можел да биде Филип Коку, холандскиот стратег кој беше на клупата на Фенербахче.

 

Се вчитува...