Го „урна“ рекордот на Болт на 200 метри, но претрча само 185

Ноа Лајлс синоќа на „Игрите на инспирацијата“ успеа да го урне рекордот на Јусеин Болт на 200 метри, но сепак Американецот овојпат претрча само 185 метри. Времето покажа дека делницата ја истрча за 18.90 секунди, што е за 29 стотинки подобро од светскиот рекорд на Јамајканецот. Бидејќи рекордот на оваа делница на Лајлс е 19.50 веднаш резултатот беше ставен под прашање.

„Ова сигурно не е в ред. Дури и тој ги крена рацете во височина, прашувајќи ги што се случува“, изјави коментаторот на Би-Би-Си, Стив Крам. 

Потоа се востанови дека Лајлс всушност стартувал од погрешна патека и трчал 15 метри помалку.

„Не можете да си играте така со моите емоции“, накратко напиша Лајлс. 

Се вчитува...