Нејмар цел живот ќе го памети домашното деби во дресот на ПСЖ, откако Бразилецот одигра неверојатен прв меч на „Паркот на принцовите“, предводејќи го својот тим до убедлива победа од 6-2 над екипата на Тулуз.
Најскапиот светски фудбалер го заврши мечот со два гола, две асистенции и еден изнуден пенал, но најдобар потег дефинитивно беше последниот погодок во судиското продолжение. Нејмар прифати топка во противничкиот шеснаесетник, а потоа на волшебен начин се ослободи од неколку противнички фудбалери пред да го матира гостинскиот голман.Neymar 2nd GOAL – Paris SG 6-2 Toulouse 20… by juniorrosenfeld
Само неколку минути претходно бразилскиот генијалец имаше и фантастична асистенција, кога од корнер забележа дека противниците бавно ја местат одбраната, набрзина нафрли до Курзава, кој со ножички постигна еврогол.
5-2 Layvin Kurzawa Goal France Ligue 1 – 20… by billiemccarroll
Што се однесува до натпреварот, мора да се истакне дека ПСЖ по 60. минута играше со играч помалку по црвениот картон на Марко Верати. Во тој момент резултатот гласеше 2-1, но со десет играчи на теренот „светците“ постигнаа уште четири погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА