Годин беспари доаѓа во Интер, но ќе биде најплатен меѓу „нероаѕурите“

Диего Годин ќе биде прво засилување на Интер за следната сезона. Уругваецот на „Џузепе Меаца“ доаѓа беспари како слободен фудбалери, но според договорот со клубот ќе си биде и најплатен меѓу „нероаѕурите“.

33-годишниот Годин ќе потпише тригодишен договор со Интер за плата од 6,75 милиони евра, односно 35% повеќе од што заработуваше играјќи за Атлетико Мадрид со што ќе биде најплатениот фудбалер во тимот од Милано.

Годин веќе бил во Милано во потрага по куќа, одбивајќи да го продолжи договорот со Атлетико Мадрид кои му понудиле плата од 6 милиони евра.

Се вчитува...