Гог го изненади Веспрем, „Ел команданте“ го освои Загреб

Ракометарите на дански Гог успеаја да приредат големо изненадување и да слават на гостувањето кај унгарски Веспрем со 36-37 во натпревар од 11. коло, прво по паузата за Светското првенство во Лигата на шампионите.

Домаќините беа подобар противник во првиот дел и на пауза заминаа со плус два (21-19). Сепак, Данците се надминаа во второто полувреме и на крајот успеаја да стигнат до конечен триумф од 36-37 и со тоа да им ги поматат сметките на Унгарците во борбата за првото место во групата А. Толбринг и Мадсен со по осум гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените со ист број заврши Ненадиќ.

Раул Гонзалез и неговиот Пари Сен Жермен успеаја да слават на гостувањето кај ППД Загреб со 30-33. Французите направија предност од три гола по првото полувреме (14-17) која беше доволна да стигнат до конечен триумф и со тоа да го искористат киксот на единствениот ривал за првата позиција Веспрем. Феран Соле со 11 гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Дибиров постигна десет.

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...