Во вториот натпревар на клупата на Шкендија, албанскиот стратег Ернест Ѓока ја запиша првата победа со македонскиот шампион. Тетовци во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига забележаа убедлива победа од 3-0 против Силекс во натпревар во кој доминираа во текот на сите 90 минути.
„Оваа победа ни беше потребна од психолошки аспект. Фудбалерите ги исполнија зададените задачи, а играте до одреден степен може да се оцени како добра. Потребно му е дополнителна стабилност на тимот, ментален мир за продолжението од првенството. Мислам дека во продолжението ќе биде подобро затоа што и размислувањето кај фудбалерите почна да се менува. Ова беше важна победа која ќе донесе дополнителен мотив“ – истакна Ѓока по вчерашниот триумф над кратовци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА