Ѓока: Шкендија се уште е далеку од врвот на табелата

Шкендија ја забележа најубедливата победа под водство на Ернест Ѓока откако попладнево славеше со 4-0 над Борец, но стратегот на тетовци јасно порача дека нема преголем простор за радост бидејќи врвот на табелата се уште е предалеку за неговиот тим.

„Јас цело време говорам дека овој тим на Шкендија има потенцијал, мило ми е што денеска го потврдивме тоа. Одигравме добар меч, бевме тактички дисциплинирани, фудбалерите направија се што побарав од нас. Задоволен сум што четири натпревари не примивме гол, но не смееме да заборавиме, се уште сме далеку од врвот на табелата“ – истакна Ѓока по натпреварот со Борец.

Вардар славеше на својот меч со Ренова, па скопските „црвено-црни“ ја задржаа предноста од 12 бода во однос на тетовци.

Се вчитува...