Ѓока: Во иднина мораме да бидеме поагресивни

Ернест Ѓока со пораз од Академија Пандев од 0-1 стартуваше на клупата на Шкендија. Стратегот потенцираше дека во иднина неговиот тим ќе мора да игра многу поагресивно.

„Тоа беше тежок натпревар, противник противник кој игра многу добро. Беа одлично поставени, а ние немавме многу простор за игра. Се обидувавме, но не бевме доволно продуктивни. Натпреварот го реши еден момент. И такви работи се случуваат во фудбалот. Имаме доста работа, мораме да го промениме нашиот поглед на играта. Мораме да бидеме поагресивни и да одиме на победа на секој меч“, изјави Ѓока. 

Следен предизвик за Шкендија е натпреварот на домашен терен против Силекс кој е закажан за 23. октомври.

Се вчитува...