Ѓока: Значајно е што победивме, но не блескавме против Работнички

Шкендија го победи Работнички со 1-2 на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, освои три важни бода и ја намали негативата во однос на лидерот Вардар. На репрезентативната пауза тетовци заминуваат со 21 бод, девет помалку од Вардар и пет негатива во однос на Академија Пандев.

Тренерот Ернест Ѓока е задоволен од остварениот триумф, со двата гола од пенал реализирани од Агим Ибраими, вториот во 90.минута, но потенцира дека Шкендија не блескаше ниту на овој напревар.

„Беше тоа тежок натпревар, а противникот уште повеќе ни го отежни. Комплименти за нивната игра, бевме во тешка позиција неколку пати, но на вакви натпревари е значајно да го задржите ритамот. Не одигравме најдобро, дефинитивно не блескавме, но во фудбалот е најважно да се победи, а ние тоа го сторивме. Паузата доаѓа во вистинско време, некои фудбалери да се опорават од повредите, Бејтулаи, Радески, Мурати, Мици, Алими, сите чувствуваат болка, но не се предаваат. Ние треба малку пауза за да земеме воздух и да продолжиме до крајот на овој дел од сезоната“, изјави Ернест Ѓока по триумфот над Работнички во Скопје.

Се вчитува...