Ѓоко Зајков потпиша со Ајман од Обединети Арапски Емирати

Одличните партии во јунскиот квалификациски циклус против репрезентациите на Белгија во Скопје и Казахстан во Астана му донесоа на македонскиот репрезентавец Ѓоко Зајков трансфер во Ајман од Обединетите Арапски Емирати.

Нашиот стопер мина три одлични сезони во Романија каде го носеше дресот на Универзитатеа Крајова, а сега добива сосема нов предизвик во кариерата и се очекува да биде големо засилување за тимот на Ајман.

Ајман минатата сезона заврши на 10. место на табелата во шампионатот на ОАЕ. Покрај за Крајова, Зајков во кариерата играше и за Ворскла, Славија Софија, Левски, Шарлоа и Работнички.

Се вчитува...