„Ѓоковиќ е лут поради поразот од Рафа“

Поранешниот британски тенисер Грег Руседски, смета дека Новак Ѓоковиќ е многу повреден и лут по поразот од Рафаел Надал во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Тој вели дека Србинот е многу лут поради тоа што се уште нема освоено гранд-слем годинава, но најмногу поради поразот кој го претрпи од Рафа во Париз.

„Ѓоковиќ е многу повреден и лут бидејќи се уште не освои гранд-слем годинава. Но, повеќе го боли начинот на кој загуби од Рафа во Париз“, изјави Руседски. 

Шанса за прв гранд-слем трофеј Ѓоковиќ ќе има на Вимблдон турнир кој почнува во понеделник.

Се вчитува...