Ѓоковиќ е тениски феномен: Во Атина до 101. титула во кариерата

Новак Ѓоковиќ продолжува да испишува тениска историја откако спрскиот ас по епска борба во финалето во Атиа што траеше речиси три часа (2:59) славеше над Лоренцо Музети со 2-1 во сетови. За Србинот ова е трофеј број 101 во кариерата, уште еден доказ за неговата тениска величина.

Ѓоковиќ се мачеше да влезе во ритам во првиот сет што противникот го доби, но Србинот возврати со одлично издание во вториот сет, со еден брејк стигнувајќи до 6-3.

Третиот и решавачки сет донесе епска битка, Ѓоковиќ имаше 3-1, Музети израмни на 3-3, Новак потоа имаше 5-4 и сервис, но италијанскиот тенисер сепак покажа карактер и успеа да се врати израмнувајќи на 5-5.

Сепак, на крајот клучна се покажа класата на српската тениска легенда, Ѓоковиќ најпрвин направи брејк за 6-5, а потоа издоминира на свој сервис, триумфирајќи со конечни 7-4.

Се вчитува...