Ѓоковиќ е во финалето на Вимблдон: „Преспа“ еден сет, па го растури Нори

Новак Ѓоковиќ се пласираше во големото финале на Вимблдон откако првиот носител ја доби денешната полуфинална пресметка со домашниот миленик Камерон Нори, со 3-1 во сетови.

Првиот сет донесе неочекувано слаба игра на фаворитот, Новак се мачеше да го освои сопствениот сервис, а Нори го искористи тоа и славеше со 2-6. Дуелот беше израмнет само до средината од вториот сет, по што Ѓоковиќ влезе во својот препознатлив ритам, направи брејк и го доби сетот со 6-3.

Србинот делуваше незапирливо и на стартот од третиот сет, што веднаш го почна со брејк и лесно го доби со 6-2. Нори беше немоќен да го запре налетот на најдобриот тенисер на денешницата, па Ѓоковиќ дојде до брејк и во раната фаза од четвртиот сет, задржувајќи ја предноста до конечни 6-4, за нов пласман во едно гранслем финале, четврто во низа на Вимблдон.

Српскиот тенисер за противник во големото финале ќе го има Кириос, кој без борба се најде во мечот за титулата откако Рафаел Надал го предаде полуфиналето поради повреда.

Се вчитува...