Ѓоковиќ „експрес“ против Оже-Алијасим

По Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ на убедлив начин стартуваше со победа на егзибицијата во Харлингем.

Тој на убедлив начин славеше над секогаш незгодниот Канаѓанец, Феликс Оже-Алијасим со максимални 2-0 по сетови 6-2 и 6-1. На Србинот му беа потребни само еден час и дванаесет минути да слави над канадскиот тенисер.

Претходно, на убедлив начин победи и Рафа Надал против Стен Вавринка 2-0 (6-2 и 6-3).

Се вчитува...