Ѓоковиќ експресно до 3. коло, елиминација на Руд и Контевејт

Актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ на експресен начин се пласираше во 3. коло на Вимблдон. По малку слабиот старт во првата рунда, во 2. меч Србинот без никакви проблеми славеше над Австралиецот, Танасис Кокинакис со максимални 3-0, по сетови 6-1, 6-4 и 6-2.

Во третото коло шесткратниот освојувач на титулата во „Ол-ингланд“ клубот ќе игра против својот сонародник, Миомир Кецмановиќ кој денеска со 3-1 (7-6, 7-6, 4-6 и 6-3) беше подобар од Чилеанецот, Табиљо.

Финалистот на Ролан Гарос, Каспер Руд испадна, откако во 2. коло загуби од Французинот, Иго Умбер со 3-1, по сетови (3-6, 6-2, 7-5 и 6-4).

Кај дамите втората носителка Анет Контевејт го заврши настапот уште во 2. рунда. Естонката беше поразена од од Германката Јул Нијмаер со убедливи 2-0, по сетови (6-4 и 6-0).

Се вчитува...