Ѓоковиќ го нема „на списокот“ кај Федерер

Со рекордните 19 гран-слем титули, Роџер Федерер за многумина е најдобриот тенисер на сите времиња. Но, скромниот Швајцарец, вели дека тој е само еден од големите во „белиот спорт“, а бројот на освоените гран-слем титули не е единствен критериум за избор на најдобриот на сите времиња. Во инетрвјуто за „Голф њуз“, Федерер ги наброја тениските великани, според неговите критериуми. Намерно или случајно меѓу нив го нема Србинот Новак Ѓоковиќ кој со 12 гран-слем титули е на четвртото место на вечната листа.

„Погледнете го Бјорн Борг, во Австралија беше само еднаш или два пати бидејќи турнирот се одржува за време на божиќните празници, а тој сакаше тогаш да биде дома. Јас работев напорно за да изградам голема кериера и притоа урнав некои рекорди. Меѓутоа, тешко е да се процени кој е најдобар на сите времиња. Го иамте Бјорн Борг, Џон Мекинро, Род левер, Рафаел Надал, Иван Лендл, Џими Конорс и Пит Сампрас. Многу играчи направија извонредни работи“ – истакна Федерер.

Се вчитува...