Ѓоковиќ и Беретини го решија Светот – Европа блиску до одбрана на трофејот во „Лејвер купот“

Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини донесоа нови бодови за Европа против Светот во „Лејвер купот“ откако славеа во игра на двојки против американско/австралискиот пар, Џек Сок и Алекс де Минаур.

Српско/италијанската двојка славеше со максимални 2-0, по сетови 7-5 и 6-2. Во првиот сет Ѓоковиќ и Беретини имаа водство, но сепак во финишот го урнаа отпорот на противниците, додека вториот сет го освоија без поголеми проблеми.

По два натпреварувачки дена Европа има предност од 8-4 против Светот, а утре ќе се дознае кој од двата тима ќе го освои „Лејвер купот“.

Се вчитува...