Ѓоковиќ им врати на Американците: Вашата одлука е политичка, нема никаква врска со медицина

Новак Ѓоковиќ е фокусиран на настапот на Вимблдон, но српскиот тенисер не може да премине преку одлуката на американските власти да не му дозволат да влезе во земјата и да се натпреварува на УС Опен.

Причината е добро позната – Ѓоковиќ не е вакциниран и како таков му е забранет влез на територијата на САД, поради што нема да може да настапи во Њујорк.

„Искрено, многу работи не ми се јасни. Правилата наводно се дека ниту еден невакциниран човек не може да влезе во САД. Слушнав дека ако не сте многу познати би можеле да ги заобиколите правилата, но тоа е најмалку важно бидејќи јас секако сум јавна личност и не можам да тргнам на таков пат. Она што ме разочарува е што нема никаква логика, зборував со американскиот тенисер Сандгрем, кој исто така не е вакциниран и кој јавно ми дава поддршка сево ова време. Ајде сега некој нека ми објасни, како може некој да игра затоа што е Американец, а не е вакциниран, а тоа да не важи за сите останати луѓе во светот со исти ставови на оваа тема. Јасно е, вашата одлука е политичка и нема никаква врска со медицината и со борбата против коронавирусот“, порача Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...