Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ ги израдува своите фанови објавувајќи порака дека е подготвен за настап на Австралија опен. Тој поради болки во лакотот ги откажа настапите во Абу Даби и во Доха, по што се чинеше дека нема да може да настапи ниту на првиот гранслем турнир за 2018 година.

Сепак, по доаѓањето во Мелбурн Србинот веќе неколку дена тренира со полна пареа, најавувајќи дека е подготвен за својот камбек на терените, по паузата уште од четврт-финалето на Вимблдон минатата година.

Ѓоковиќ на својот инстаграм профил напиша „Спремен сум“ врз логото на Австралија опен, испраќајќи јасна порака дека нема да го следи примерот на Енди Мареј и да се откаже од настапот во Мелбурн.

За очекување е тој да настапи на егзибициските дуели во Кујонг и „Тај брејк тенис“ на 10 јануари, по што и официјално ќе го потврди своето учество на Австралија Опен.

Се вчитува...