Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се очекува да настапи на завршниот мастерс турнир во Торино, откриваат италијанските медиуми. Информацијата ја потврдил и првиот човек на италијанската тениска федерација, Анџело Бинаги.
Најдобриот тенисер во историјата оддамна обезбеди „виза“ за учество во натпреварувањето на кое настапуваат осумте најдобри тенисери на претходната година, но постоеше сомнеж за неговото појавување во Торино.
Ѓоковиќ последен пат славеше во Торино во 2023 година кога во големото финале го совлада Јаник Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

