Ѓоковиќ: Кога беше најтешко, Кирјос беше со мене

Новак Ѓоковиќ во финалето на третиот гранд-слем турнир во сезоната ќе се сретне со Австралиецот, Ник Кирјос.

Тој говореше за „контроверзниот“ Австралиец со кого порано не беше во најдобри односи. Сепак, по ситуацијата во јануари месец кога на Ѓоковиќ не му беше дозволен настап на Австралија опен, Кирјос застана на негова страна, па нивниот однос значително се подобри.

„Нашиот однос многу се подобри од јануари месец. Кога поминав низ тешки мигови од мојот живот, тој беше еден од ретките кои застанаа на моја страна. Тоа е нешто што го ценам и многу почитувам“, изјави Ѓоковиќ. 

Финалниот меч на програмата е во недела.

Се вчитува...