Ѓоковиќ конечно проговори за пензијата на Федерер – Роџер не сакам да гледам повторно како плачеш, но…

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер синоќа стави крај на својата богата кариера откако заедно во двојки со Рафаел Надал загубија во „Лејвер купот“ од американскиот пар Џек Сок и Френсис Тиефо.

Конечно своја изјава за пензионирањето на Федерер имаше и Новак Ѓоковиќ, кој по мечот со Френсис Тиефо во сингл кој синоќа го доби на убедлив начин со 2-0 (6-1 и 6-3), говореше и за својот голем ривал и пријател.

„Еден од најубавите моменти што некогаш сум ги доживеал во мојот живот. Она што беше најемитнов за се случи кога неговите деца дојдоа и ги видов како плачат. Извини Роџер, не сакам повторно да те гледам како плачеш, но тоа беше прекрасен момент“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...