Ѓоковиќ: Можам само да се надевам дека ќе играм на Австралија опен

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ изјави дека не знае дали следната година ќе може да настапи на Австралија опен и дека во моментов може само да се надева дека ќе биде примен од државата Викторија.

Ѓоковиќ во моментов се наоѓа во Лондон каде од 23. до 25. септември ќе игра на „Лејвер купот“, каде говореше околу целата ситуација поврзана со првиот гранд-слем турнир во сезоната.

„Само можам да се надевам, тоа е се што можам да кажам. Таа одлука не е во моите раце“, изјави Ѓоковиќ. 

Првиот гранд-слем турнир во сезоната ќе се игра во периодот од 16. до 29. јануари.

Се вчитува...