Ѓоковиќ на убедлив начин се врати на тениските терени по пауза од два месеци

Најдобриот српски тенисер на сите времиња на маестрален начин се врати на тениските терени по паузата која траеше повеќе од два месеци. Србинот по освојувањето на Вимблдон не одигра ниту еден официјален натпревар, а вечерва го имаше својот кам-бек на „Лејвер купот“.

Тој без никакви проблеми славеше над полуфиналистот од УС опен, Френсис Тиефо со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-3.

Вечерва Ѓоковиќ во Лондон го очекува уште еден меч и тоа во игра на двојки каде заедно со Италијанецот Матео Беретини ќе се соочат со двојката Џек Сок и Алекс де Минаур.

Се вчитува...