Ѓоковиќ: Не можам во САД, тоа ми е дополнителен мотив во Лондон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја одржа првата прес-конференција пред стартот на третиот гранд-слем турнир во сезоната Вимблдон. Тој е подготвен за одбрана на титулата во „Ол-ингланд“ клубот, откако не успеа да стигне до трофејот на првите два гранд-слема Австралија опен и Ролан Гарос.

Тој вели дека во моментов не му е дозволен влез во САД поради тоа што не е вакциниран, па тоа му дава дополнителен мотив за титула во Лондон.

„Засега не ми е дозволен влез во САД, а тоа ми е дополнителна мотивација. Не можам многу да направам. Од американската влада зависи дали ќе дозволи влез на невакцинирани лица во земјата“, рече Ѓоковиќ.

 

Се вчитува...