Ѓоковиќ нема да игра за Србија на Дејвис Купот во Валенсија

Новак Ѓоковиќ и официјално нема да настапи за Србија на Дејвис Купот, кој е закажан да се одигра во Валенсија од 13 до 18 септември.

Селекторот на српските тенисери, Виктор Троицки во разговор со медиумите откри дека најдобриот српски тенисер го откажал настапот поради приватни причини.

„Тоа е негова лична работа. Едноставно, овојпат е спречен да игра, но ќе ни се приклучи ако се пласираме на завршниот турнир во Малага во ноември“, изјави Троицки.

За Србија ќе настапат Миомир Кецмановиќ, Филип Крајиновиќ, Душан Лајовиќ и Никола Чачиќ.

Се вчитува...