Ѓоковиќ отворено: Не ми е лесно, имам здравствени проблеми…

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето од турнирот во Пекинг, по што српскиот тенисер проговори за проблемите што го мачат годинава.

Тој се почесто се мачи со движењето по теренот за време на мечевите, очигледно не е стопроцентно физички подготвен што се одразува на неговите резултати кон крајот на кариерата.

„Не би сакал да навлегувам во детали бидејќи ќе изгледа како да се жалам, да барам изговори. Вистината е дека оваа година е исклучително тешка за мене. Имам здравствени проблеми, и тоа специфични здравствени проблеми. Се обидувам да најдам различни начини да бидам барем во пристојна здравствена форма да можам да излезам на терен и да играм. За жал, кога ќе излезам наместо да се борам со противникот, јас водам вистинска физичка битка со самиот себе, што знае да биде исцрпувачко. Тоа нема врска со издржливоста, луѓето често ги мешаат тие две работи, овде не говорам за издржливост, туку за нешто што е поврзано со здравјето. Не сакам да откривам за што точно станува збор, со мојот тим работиме напорно да ја најдеме причината за тој проблем“, истакна Србинот.

Негов противник во четвртфиналето на турнирот во Пекинг ќе биде подобриот од дуелот меѓу првиот носител Зверев и домашниот миленик Шанг.

Се вчитува...